


Нутритивна вредност за 100г.
Масти
Од 8.5г масти заситени се
Јаглени хидрати
Од 63.9 јаглени хидрати шеќери се
Влакна
Протени
Холестерол
Сол
Енергетска вредност 1617kJ / 386kcal

Готвиме заедно со прстен крекерите
Ринг солени бомбици
Во еден сад ги ставаме киселата павлака и фета сирењето. Додаваме сечкани на коцки сирење и салама, кисели краставички и свежа краставица, па ги додаваме и мелените ореви.
Крекерите ги мелеме во Нутрибулет и нив ги додаваме кон сите состојки. Зачинуваме и смесата ја соединуваме со лажица. Смесата ја оставаме 10-ина минути за да видиме каква ќе и биде густината по впивањето на сувите состојки. Ако густината на смесата е добра за да се формираат бомбици земаме дел од неа и ги правиме.
Ги сервираме на Армониа ринг прстените. Рендаме пармезан и мелени ореви врз нив.
Забелешка: По потреба за да ги формирате бомбиците додавајте или одземајте суви состојки како што се ореви, крекери или пак влажни т.е.кисела павлака.
Препорака: Купите готов зачин за таратор кој одлично се вклопува во вакви салати.
4-5 кисели крастависки
1/2 свежа краставица
100г Ring крекер Армониа
150г кисела павлака
100г фета сирење
100г козјо сирење
100г салама
1 лажичка сечкан лук
1/2 лажичка копар
1/2 лажичка бибер
1/4 лажичка куркума
1/2 лажичка сол
Дополнителни состојки:
ring крекери Армониа за сервирање
рендан пармезан
мелени ореви