Асортиманот на Армониа го сочиинуваат солени грицки, крцкави крекери и переци произведени по најнова светска технологија и со избалансирани нутритивни вредности. Направени по проверен рецепт, Армониа грицките ќе ве однесат во поинаков свет – свет полн со забава. Уживање и задоволство во секој момент и за сите генерации е нашата определба која не води и која ни дава мотив за подобрување и унапредување. Да се произведе производ кој во себе ќе има душа, карактер, производ кој е способен да креира нови светови и пријателства е наше задоволство.

Наши производи - Ваше задоволство и уживање

Производите се создадени со екстремна прецизност и страст од страна на семејната компанија, која го посветува целото внимание во создавање на едноставни, пријателски производи, различни од сите други индустриско стандардизирани. Целосното производство е во согласност со HACCP, HALAL и со ISO9001: 2008 QMS стандардите. Сите суровини и финални производи редовно се контролираат во овластени лаборатории за контрола на квалитет. 

Вкусни солени грицки кои се топат во уста. Одлични во комбинација со ладно пиво и добро друштво. Единствена мана им е што може да ги снема уште пред да бидат сервирани.

                                                                 Дознај повеќе.

Со Армониа забавата е секогаш загарантирана.  Уживање и задоволство во секој момент и за сите генерации во еден поинаков свет – свет полн со забава.

                                                                       Дознај повеќе.

Совршените брускети се тенки и крцкави мирисаат на маслиново масло, со највкусни ароми како  пица, домат и маслинка, спанаќ и сирење, и се произведени од Армониа.  

                                                                Дознај повеќе.

Макпрогрес Доо е успешна интернационална компанија, лоцирана во источниот дел на Македонија. Од мал семеен бизнис основан во 1990 година, Макпрогрес прерасна во еден од најголемите прехранбени компании на Балканот со над 750 вработени и со извоз во повеќе од 55 земји во светот. Макпрогрес е индустриска групација со силна општествена одговорност. Со цел придонесување кон одржливоста на општествениот развој, компанијата има активна соработка со локалната заедница, вработените и општеството во целина за овозможување на поквалитетен живот за сите.